/ Прочитано:

1.127

ДИК: Излезноста на локалните избори изнесува 67,61%

Понеделник, 25 март 2013 – До 24 часот пристигнати се податоци за 1.275 од вкупно 2.976-те гласачки места или 57,96 проценти. Во нив на изборите за градоначалници гласале 473.859 гласачи од вкупно 1.743.403 запишани гласачи во избирачкиот список. Важечки се 458.934, а неважечки 14.925 гласачки ливчиња. Одѕивот изнесува 67,61 процент, на полноќ информираше Државната изборна единица (ДИК) која во текот на денот ќе ги соопшти првичните неофицијални резултати од локалните избори.

„Податоците континуирано се објавуваат и континуирано се менуваат. Со оглед на фактот што станува збор за локални избори и поради големиот број општини и избирачки места и голем број изборни комисии што ги внесуваат податоците во системот на Државната изборна комисија во овој момент не можеме да излеземе со првични резултати“, изјави претседателот на ДИК Борис Кондарко.

Како што информираше, до полноќ пристигнале податоци за 1.275 од вкупно 2.976-те гласачки места или 57,96 проценти. Во нив на изборите за градоначалници гласале 473.859 гласачи од вкупно 1.743.403 запишани гласачи во избирачкиот список. Важечки се 458.934, а неважечки 14.925 гласачки ливчиња. Одѕивот изнесува 67,61 процент.

За гласањето за советите во општините пристигнале податоци за 1.701 избирачко место или 57,16 отсто. Вкупно гласале 467.893 гласачи од кои важечки се 448.780 гласачки ливчиња, а 19.113 се неважечки. Одѕивот на гласачите изнесува 67,99 отсто.

На гласањето за градоначалник на Град Скопје од вкупно регистрираните 444.259 гласачи кои треба да го дадат својот глас на 536 избирачки места до 24 часот обработени се податоците за 84 избирачко места или 15,67 отсто каде гласале 32.924 гласачи.

ДИК даде и своја оценка денот на гласањето, го оценија како многу позитивен високиот одѕив на граѓаните на локалните избори и се задоволни што денот на изборите поминал без насилство и без предизвикување никакви физички инциденти на гласачките места и во текот на изборниот ден.