/ Прочитано:

518

ДИК извршила директна продолжена дискриминација врз лицата со физичка попреченост

Постапувајќи по службена должност, а по допрен глас, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна продолжена дискриминација врз основа на попреченост во учество во јавен и политички живот од страна на ДИК врз лицата со физичка попреченост.

„Дискриминацијата настанува поради непристапноста за лица со физичка попреченост до Подрачната канцеларија на ДИК во Општина Карпош. Оваа канцеларија е местото каде што лицата кои живеат во општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај ги депонираат потписите за поддршка на независни кандидати за членови на советите на општините или граѓаните.

КСЗД изврши увид во просториите на подрачната канцеларија и констатираше дека, освен за лицата со физичка попреченост, пристапот до оваа канцеларија е отежнат и за повозрасни и лица со нарушено здравје.

КСЗД донесе општа препорака со која на ДИК ѝ се препорачува да ги преземе сите потребни вонредни дејствија во насока на обезбедување на правото на лицата со физичка попреченост да можат по сопствен избор да поддржат некоја од независните кандидатски листи за претстојните локални избори. Имајќи ги предвид кратките рокови за собирање на потписите, КСЗД ја повикува ДИК да постапи по оваа општа препорака во најкус можен рок“, образложуваат од Комисијата.

М.В