/ Прочитано:

1.091

ДИК ќе ја започне теренската проверка на Избирачкиот список

Од Комисијата најавија дека теренската проверка би требало да трае од 10 дена до две недели, односно да заврши до 3 април.

Беџ за овластен анкетар

Материјалите неопходни за спроведување на проверките се отпечатени и дистрибуирани до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и од денеска, како што најави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, треба да започне теренската проверка на Избирачкиот список.

ДИК спроведуваше и едукација на ангажираните анкетари, која ја спроведуваат контролорите, односно вработените во подрачните одделенија и канцеларии.

Од Комисијата најавија дека теренската проверка би требало да трае од 10 дена до две недели, односно да заврши до 3 април.

Државната изборна комисија на првата наредна седница ќе расправа за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет-страницата на ДИК заради транспарентност на процесот.