/ Прочитано:

976

ДИК ќе одлучува по 428 приговори од првиот изборен круг

Среда, 27 март 2013 – Вкупно 428 приговори на изборниот процес пристигнале до Државната изборна комисија од страна на политичките партии во законски предвидениот рок од 48 часа по затворањето на гласачките места, објави МИА.

Најголем дел од приговорите по кои на денешната седница ќе одлучува ДИК, има поднесено СДСМ и тоа над 70 во Охрид, над 60 во Радовиш, околу 40 приговори во Ресен, 80-ина во Аеродром…

Демократската обнова на Македонија поднела 38 приговори, Демократската партија на Албанците три, НДП еден, Обединети демократски сили на Ромите четири, Демократската партија на Турците два приговора за четири избирачки места и ВМРО-ДПМНЕ пет од кои три во Струмица и два приговора во Кичево за две избирачки места. Државната изборна комисија согласно законските одредби треба во рок од 48 часа да донесе одлуки по поднесените приговори. По завршувањето на овој рок политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прогласување