/ Прочитано:

1.202

ДИК ќе врши дополнителна контрола на вкрстените податоци од институциите

Иако Комисијата најави дека извештајот од вкрстената проверка ќе биде соопштен на јавна седница која требаше да биде одржана вчера, сепак оттаму наведуваат дека ќе треба да спроведат дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките.

izbori-2-e1361976322957.jpg

Државната изборна комисија ќе врши дополнителни контролни тестови поврзани со вкрстената проверки на базите на податоци на релевантните институции, која се однесуваше на утврдување на состојбата на Избирачкиот список.

Како што информираат од ДИК, веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Комисија ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстената проверка.

Иако Комисијата најави дека извештајот од вкрстената проверка ќе биде соопштен на јавна седница која требаше да биде одржана вчера, сепак оттаму наведуваат дека ќе треба да спроведат дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките.

По усвојување на извештајот од вкрстената проверка, како што беше најавено, треба да започнат подготовките и активностите за спроведување на теренската проверка.

ДИК ја затвори можноста за пријавување на неконзистентни податоци во Избирачкиот список преку нивната веб-страница и ги упати сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларност на податоците, да го направат тоа преку подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

„Државната изборна комисија ќе постапи соодветно со сите пристигнати пријави на начин што дел од известувањата на граѓаните ќе бидат предмет на административни проверки преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште, по утврдување на основата на истите, ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки“, стоеше во минатонеделното соопштение на ДИК.