ДИК на јавна седница со ждрепка ќе го утврди редоследот на листата на кандидатите за претседател
„Државната изборна комисија денеска во седиштето на Комисијата ќе одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидати за избор на претседател на Република Северна Македонија“, известуваат од ДИК.
Вчера ДИК донесе заклучок за потврдени листи на кандидати кои ќе учествуваат на изборите за претседател на Република Северна Македонија 2019 година. На изборите за претседател на државата, кои ќе се одржат на 21 април, ќе учествуваат кандидатите Блерим Река, предложен од најмалку 10 илјади избирачи, Стево Пендаровски, предложен од најмалку 10 илјади избирачи и Гордана Силјановска-Давкова, предложена од најмалку 10 илјади избирачи.
М.В