ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум
Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените избирачи плус еден да гласаат „за“, се двата услови кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември за да биде успешен појаснија од ДИК на денешната средба со новинарите.
На новинарско прашање дали има разлика во условите што треба да се исполнат кога референдумот би бил обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи од она за што се распишува референдумот.
Кога има задолжителен референдум, потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација. Во иднина, посочуваат, кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година.
Потврдија дека молкот пред референдумот е 48 часа. Приемот на материјалите ќе биде во просториите на ДИК. Резултатите за излезеноста на денот на референдумот ќе бидат соопштувани шест пати.
Од ДИК очекуваат во иднина да се усогласат Законот за референдум и Изборниот законик. Нагласуваат дека тие не можат да кажат дали референдумот ќе биде успешен или не, туку ДИК ги соопштува резултатите и од гледна точка на техничкиот аспект.
За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна
Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд
ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот
Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот
Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август
Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот
Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните
Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници
Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција
М.В