/ Прочитано:

1.821

ДИК: Општините и Градот Скопје најдоцна до 11 август да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди

„Максималниот број рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, Градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со нив Заради распределување на локациите за политичко рекламирање по пат на ждрепка, која ја спроведува Државната изборна комисија, општините, Градот Скопје и правните лица се должни локациите и цените за закуп на рекламни паноа и билборди да ги достават до Државната изборна комисија“, се наведува во соопштението на ДИК.

Државната изборна комисија, во пресрет на локалните избори 2017 година, информира дека општините во Република Македонија, Градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламни паноа и билборди, се должни во рок од 5 дена од денот на распишување на изборите, односно најдоцна до 11 август 2017 јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди (задолжително на сопствените веб-страници или гласила или во медиумите – печатени и електронски).

„Максималниот број рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, Градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со нив Заради распределување на локациите за политичко рекламирање по пат на ждрепка, која ја спроведува Државната изборна комисија, општините, Градот Скопје и правните лица се должни локациите и цените за закуп на рекламни паноа и билборди да ги достават до Државната изборна комисија“, се наведува во соопштението на ДИК.

Доставувањето до Државната изборна комисија, како што посочуваат, се врши лично во архивата или електронски на е-маил адреса izbori@sec.mk најдоцна до 14 септември 2017 година до 16 и 30 часот.

ДИК потенцира дека општините во Република Македонија, Градот Скопје и правните лица кои нема да ги достават бараните податоци до Државната изборна комисија нема да учествуваат во ждрепката за распределување на локациите за политичко рекламирање.

А. Б.