/ Прочитано:

2.965

ДИК: Појаснување за лицата што гласаат во странство

Државјаните на Република Македонија чии пријави се прифатени и кои претходно го имаат пријавено својот привремен престој во странство или привремена работа во странство пред надлежен орган на РМ, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи има евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат само пријава Образец бр. 30.

ДИК гласање

Граѓаните кои во согласност со членот 196-6 од Изборниот законик поднеле пријава за запишување во Избирачкиот список по електронски пат преку апликацијата prijava@sec.mk или во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и чиишто пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија, доколку сакаат да гласаат во странство, треба да поднесат Пријава/Барање за запишување во посебниот извод од Избирачкиот список за гласање во ДКП на Република Македонија.

Државјаните на Република Македонија чии пријави се прифатени и кои претходно го имаат пријавено својот привремен престој во странство или привремена работа во странство пред надлежен орган на РМ, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи има евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат само пријава Образец бр. 30.

Државјаните на Република Македонија чии пријави се прифатени и кои претходно не го пријавиле својот привремен престој или привремена работа во странство пред надлежен орган на РМ, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи нема евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат пријава/барање Образец бр. 29. Во прилог на образецот задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство.