/ Прочитано:

1.787

ДИК усвои Деловник за работата и Правилник за начинот и постапката за решавање по приговори

Од ДИК информираа дека двата документа кои регулираат важни и комплексни аспекти од работењето на ДИК се усвоени по неколкумесечен процес којшто отпочнал веднаш по завршување на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

На денешната седница, Државната изборна комисија едногласно ги усвои Деловникот на Комисијата и Правилникот за начинот и постапката за решавање по приговори.

Од ДИК информираа дека двата документа кои регулираат важни и комплексни аспекти од работењето на ДИК се усвоени по неколкумесечен процес којшто отпочнал веднаш по завршување на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

„Овој процес вклучуваше евалуација на изборните активности од предвремените парламентарни избори 2016 година, анализа на препораките од Финалниот извештај на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР од набљудувањето на изборите 2016 година, инклузивни работилници и тркалезни маси во организација на ДИК на кои учествуваа претставници на граѓанските организации и државните институции со кои соработува ДИК и слично“, се вели во соопштението.

Во текот на овој процес, како што информира ДИК, соработувано е и со меѓународен консултант ангажиран од страна на Венецијанската комисија при Советот на Европа. 

Двата документа ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Македонија“ и на интернет страницата на ДИК.