/ Прочитано:

1.194

ДИК: Утре истекува рокот за предлагање членови на избирачките одбори од страна на политичките партии

Политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, најдоцна до утре треба да ги доставуваат предлозите за членови на избирачки одбори и нивните заменици до општинските изборни комисии.

Државна изборна комисија

Според роковникот на Државната изборна комисија за организирање на предвремените парламентарни избори 2016 година, политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, најдоцна до утре треба да ги доставуваат предлозите за членови на избирачки одбори и нивните заменици до општинските изборни комисии.

Овластените претставници на предлагачите ги доставуваат листите на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија до ДИК. Листите на кандидати се доставуваат најдоцна до 11 мај 2016 година до 24:00 часот.

Изборната кампања (јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видеопрезентации на јавни места, изборно медиумско претставување и претставување на интернет, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми) започнува на 16 мај 2016 година, а завршува на 3 јуни 2016 година во 24:00 часот.

ДИК најдоцна 25 дена пред денот определен за избори ќе ги објави описите на изборните единици утврдени со Изборниот законик (членот 177 во врска со членот 15 став (2)) најдоцна до 11 мај 2016 година.