ДИК за референдумот: „Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список“
ДИК денеска соопшти дека на вчерашниот референдум, од 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, гласале 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 1.139.593.
На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 проценти или 37.700 граѓани. Неважечки гласачки ливчиња се 19.221 или 2,89 проценти.
„Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список“, појасни претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
>>>Извештајот за резултатите од гласањето на Референдумот на државно ниво 30 септември 2018
Обвинителството со дополнителни дежурства за евентуални нерегуларности во текот на референдумот
ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум
Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот
ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум
За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна
Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд
ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот
Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот
Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август
Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот
Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните
Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници
Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција
М.В