Директорката на Академијата „Павел Шатев“ ѝ додели благодарница на Амбасадата на САД за досегашната успешна соработка
Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, одржа работен состанок со Челси Шину, која е правен советник на Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД.
Работниот состанок е дел од редовните средби што се реализираат помеѓу претставници на Академијата за судии и јавни обвинители и претставници на Амбасадата на САД во Скопје.
Целта на средбата беше дефинирање на тековните активности до крајот на календарската 2019 година, како и разгледување на можности за нови заеднички активности кои ќе бидат опфатени во 2020 година преку нови проекти. Директорката на Академијата побара да се прошират идните активности и во нивни рамки повеќе да бидат опфатени судиите што постапуваат во областа на граѓанското право, бидејќи досегашната соработка во голем дел беше фокусирана на казненото право.
Средбата претставуваше одлична можност за да ѝ се додели благодарница на Амбасадата на САД за досегашната соработката со Академијата и за придонесот за развојот на правосудниот систем, кој е од огромно значење. Директорката на Академијата, проф. д-р Габер-Дамјановска, се заблагодари за континуираната поддршка што ја добива Академијата од Амбасадата на САД во Скопје, како и за поддршката за креирањето на новата веб-страница на Академијата, којашто е дизајнирана за може да се користи на поeдноставен, побезбеден и побрз начин. Во името на Амбасадата на САД, благодарницата ја прими Челси Шину, правен советник на Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД.
М.В