/ Прочитано:

616

Дискусија за донесувањето закони засновани на факти за спречување и борба против насилството врз жените

Гордана Силјановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, вчера учествуваше на онлајн дискусија на тема „Донесување на закони засновани на факти за спречување и борба против насилството врз жените“, на покана на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Секретаријатот на ОБСЕ и ОДИХР.

Имајќи го предвид фактот дека во нашата држава неодамна беше усвоен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, организаторите ја поканија Силјановска-Давкова како панелистка во модерираната сесија, заедно со пратеничката Лазат Рамазанова од Парламентот на Казахстан и Јоана Мајкок, генерална секретарка на Европското женско лоби.

На конференцијата, Силјановска-Давкова го презентираше широкиот и инклузивен процес на креирање на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и улогата на Собранието во усвојувањето на законот преку употребата на факти и податоци од различни извори, како што се невладиниот сектор, институциите и меѓународните организации како Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ОДИХР, НДИ, ИРИ и УН жени. Таа ги информираше колегите пратеници од другите земји дека овој закон беше донесен со неформален консензус, и покрај поларизираните односи помеѓу политичките партии.

Силјановска-Давкова придонесе и во дискусијата со преку 100 пратеници и пратенички од парламентите на земјите членки на ОБСЕ кои учествуваа на конференцијата. Таа се осврна на важноста од системски пристап кон овој проблем и на потребата од квалификувани и сензибилизирани служби, но и специфични сервиси за жртвите и соодветни буџетски средства за успешно справување со овој проблем. Акцент стави и на подигнувањето на јавната свест преку поделбата на највисоките државни функции и поделбата на министерските места во извршната власт со почитување на милениумската цел за еднакво учество на жените и мажите 50:50, упатувајќи порака дека во светот треба да владее правото и правдата, а не мажите.

Заштита на жените жртви на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство

Стапува во примена новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Презентиран Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Јавна расправа за Предлог – законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените

Законски измени за спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство

Јавна расправа за Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство пред Комисијата за труд

Форум за реформите на правниот систем за заштита од семејно насилство

Презентиран Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените

Жените сѐ уште се соочуваат со семејно насилство, неефикасна судска заштита и бaриери во пристапот до здравствените услуги

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани

ПРЕГЛЕД НА НАБЉУДУВАНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ: Загрижува податокот дека биле изречени дури 4 условни осуди

ФОРУМ ЗА СУДИИ: Жртвите на семејно насилство да бидат ослободени од плаќање на судска такса и трошоци на постапката!

Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка

16 дена активизам против родово базирано насилство

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства вМакедонија се дискриминирани

АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело

„Родово базираното и психичкото насилство врз жените сè уште не се препознаваат“ – интервју со адвокатката Марта Гусар

Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда

Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците

Усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција во која насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права 

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство 

Ратификацијата на Истанбулската конвенција – значаен исчекор во борбата против насилството врз жената и домашното насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна ратификација на Истанбулската конвенција

М.В