/ Прочитано:

1.068

Дискусија за моделот за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во партнерство со Клубот на пратенички во Собранието на Република Северна Македонија, организираше панел-дискусија на тема „Предлог-модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство“ , која се се одржа денес,  25 ноември – Меѓународен ден за борба против насилството врз жените, а кој воедно е и  почеток на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“.

Настанот го отвори претседателката на Клубот на пратенички во Собранието на Република Северна Македонија, Ѓулумсер Касапи, која ја истакна важноста за заедничко здружување на сите релевантни чинители во борбата против насилството врз жените и девојчињата и ја нагласи посветеноста на Клубот на пратенички кон унапредување на системот за превенција и заштита од насилство врз жените.

Како вовед во панел-дискусијата беа презентирани наодите од анализата  „Економски предизвици со кои се соочуваат жени жртви на семејно насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина“ и Предлог-модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно  насилство, изработени од тимот на Националната мрежа против насилство врз жени.

Свое обраќање на панел-дискусијата имаа Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ, Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО- ДПМНЕ, Јулијана Николова, пратеничка од ЛДП, и Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ. Целта беше да се разгледаат законските можности за усвојување на модел за реинтеграција и рехабилитација на жените жртви на семејно насилство кои донеле одлука да ја напуштат насилната средина.

Потребата за спроведување на анализата и развивање на предлог-модел за реинтеграција произлегува од сознанието дека  економската нестабилност на жените жртви на семејно насилство е препознаена како една од главните причини за останување во насилство, но и еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат жените жртви откако ќе ја напуштаат насилната средина.

Последното истражување на ОБСЕ, кое беше спроведено во текот на 2018 година, на Балканскиот Регион, ја опфати и Република Северна Македонија. Клучните наоди на истражувањето истакнуваат дека 60% од жртвите на семејно насилство биле контролирани од сторителот, немале никаков или имале контролиран пристап до финансии, и нивните деца биле користени како средства за уцена за жената да не го напушти партнерот. Од сите испитани жени, 1 од 5 или 19% се жртви на економско насилство од партнерот. Жените кои трпеле семејно насилство во минатото, а не биле во можност да обезбедат живеалиште и храна за себе и нивните деца и поради тоа не ја напуштиле насилната средина, во последните 12 месеци, повторно се соочуваат со повеќе форми на насилство (42%).

Со оглед на различните економски околности во Република Северна Македонија, потребно е да се изготват мерки и политики со кои жените кои претрпеле насилство, а кои се економски зависни од сторителот на насилството, ќе можат полесно да донесат одлука за напуштање и да го поминат процесот на реинтеграција во општеството.

Предлог-моделот за реинтеграција и рехабилитација ги вклучува сите аспекти кои се клучни при донесување на одлуката за напуштање, и тоа: домување, финансиска поддршка, психолошко советување, образование и обука, и помош при вработување.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Застапување за воведување на социјален пакет за поддршка на жртви на семејно и интимно партнерско насилство“, имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Стратешки партнерства за промени: Препознај, почитувај и остварувај права”, финансиран од ЕУ, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта“.

 

 

Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените

Законски измени за спречувањето и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство

Јавна расправа за Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Форум за реформите на правниот систем за заштита од семејно насилство

Презентиран Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените

Жените сѐ уште се соочуваат со семејно насилство, неефикасна судска заштита и бaриери во пристапот до здравствените услуги

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства во Македонија се дискриминирани

ПРЕГЛЕД НА НАБЉУДУВАНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ: Загрижува податокот дека биле изречени дури 4 условни осуди

ФОРУМ ЗА СУДИИ: Жртвите на семејно насилство да бидат ослободени од плаќање на судска такса и трошоци на постапката!

Истанбулската конвенција пропишува низа стандарди кои треба да ги имплементира земјата потписничка

16 дена активизам против родово базирано насилство

Граѓанските организации пред Комитетот на ОН: Жените, сексуалните и родовите малцинства вМакедонија се дискриминирани

АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело

„Родово базираното и психичкото насилство врз жените сè уште не се препознаваат“ – интервју со адвокатката Марта Гусар

Оперативниот план за спроведување на Истанбулската конвенцијата на Министерството за правда

Законот за ратификација на Истанбулската конвенција пред пратениците

Усвоен Предлог-законот за ратификација на Истанбулската конвенција во која насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права 

Владата ја усвои информацијата за ратификација на најзначајниот меѓународен документ за борбата со насилството врз жените и домашното насилство 

Ратификацијата на Истанбулската конвенција – значаен исчекор во борбата против насилството врз жената и домашното насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна ратификација на Истанбулската конвенција

М.В