Дискусија за новините во Законот за Судскиот совет
Денеска Институтот за човекови права одржа информативна средба со новинарите за новиот Закон за Судскиот совет на РСМ и за работата на Судскиот совет во изминатиот период.
На средбата се дискутираше за прашањата во однос на влијанието на новите измени врз работата на Судскиот совет и, пред сè, врз независноста на судството.
Настанот е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“, поддржан од Британската амбасада Скопје.
На средбата со новинарите дискутираа, Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот, потоа Вера Коцо, Мирослав Драганов, Јелена Кадриќ и Кристина Дода.
Во рамките на проектот изработени се и инфографици на кои се прикажани измените направени со новиот Закон за Судскиот совет на РСМ, кои може да се преземат на следниот линк.
Инфографикот од мониторингот за работата на Судскиот совет за периодот од февруари до април 2019 година може да се преземе на следниот линк.
Со Законот за Судскиот совет се уредуваат постапката за изборот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, начинот на остварување на неговите функции, изборот, престанокот и разрешувањето на судија и судија поротник, постапката за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд, утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција, следењето и оценувањето на работата на судиите, начинот на работа и одлучување и други прашања поврзани со работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Судскиот совет на Република Северна Македонија е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт преку остварување на своите функции во согласност со Уставот и законите.
Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците
Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции
Според министерката за правда 2019 година ќе биде година на реформи во правдата
Клучните измени на Законот за судовите
Новиот Закон за управни спорови со европско знаменце предложен во Собранието на РМ
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП
ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија
Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
М.В