/Прочитано:

1.197

Дисциплинскиот обвинител на АКРМ поведе постапки поради непочитување на обврската за плаќање членарина

„Во согласност со Законот за адвокатура и Правилникот за дисциплинска одговорност, неплаќањето членарина, односно непочитувањето на актите на Адвокатската комора претставува дисциплинска повреда за која е предвидена мерка – престанок на вршење на адвокатската дејност.

Дисциплинскиот обвинител на АКРМ поведе дисциплински постапки кон членови на Комората кои ја немаат извршено обврската за плаќање членарина, врз основа на членот 23 ставот 6 од Законот за адвокатура. Во согласност со Законот за адвокатура и актите, адвокатот е должен редовно да ѝ уплаќа коморска членарина на Адвокатската комора од денот на уписот во Именикот на адвокатите, во спротивно, доколку не врши уплата, истото е основ за престанок на вршење на адвокатската дејност“, соопштуваат од АКРМ.

М.В