/ Прочитано:

1.459

ДИТ изврши 97 инспекциски надзори и донесе 37 решенија за забрана за работа

Во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година за време на топлотниот бран, дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедноста и здравјето при работа, при што за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа.

Министерството за труд и социјална работа информира дека во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година за време на топлотниот бран, дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедноста и здравјето при работа на целата територија на Република Македонија.

Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа, а на преостанатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните препораки.

Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделство и други дејности.