ДКСК ќе одржи конференција за програмите за превенција од корупција и намалување судир на интереси
Среда, 13 февруари 2013 – Во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе се одржи годишна конференција за оценката на остварувањето на државните програми за превенција и репресија на корупцијата и за превенција и намалување на појавата на судир на интереси, со акциски план 2011 – 2015 година.
На годишната конференција ќе учествуваат претставници од јавниот, политичкиот, правосудниот, приватниот, образовниот и невладиниот сектор, како и меѓународни и домашни експерти.
Државната комисија за спречување на корупцијата ја организира годишната конференција во соработка со УНДП.