ДКСК: Случајот со Ангеловска проблематичен од етички аспект, потребни се законски измени
Антикорупциската комисија го испита предметот за министерката за финансии, Нина Ангеловска, кој се однесува на случајот со „Еуростандард банка“. Според Комисијата, министерката за финансии била во позиција да ги има податоците и информациите за банката и таквата нејзина позиција ја става во ризична состојба на судир на интереси. Антикорупциската комисија во таа насока истакнува дека овој случај од етички аспект го покренува прашањето на повисоко ниво и затоа се потребни доуредувања на прописите.
„Ние не утврдуваме кривична одговорност, меѓутоа од етички аспект го покренуваме прашањето на високо ниво. За таа цел ќе дадеме препорака да се доуредат прописите, а особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка, Министерството за финансии и другите регулаторни тела“, рече Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциската комисија.
Стечајна постапка за Еуростандард банка: Интервју со Дејан Костовски, експерт за стечај
Банки преку кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка
Определен е стечаен управник за Еуростандард банка и закажано е рочиште за пријавените побарувања
М.В