/ Прочитано:

1.397

Дневен билтен на МВР

На 16.08.2018 година околу 09.00 часот на бул.„Никола Карев“, во Скопје, патничко возило „БМВ 530“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А. (30) од Холандија, удрил во пешакот Џ.Р. (62) од с.Визбегово, скопско. Од ударот Џ.Р. се здобил со тешки телесни и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.08.2018 година во 18.14 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (26) од с.Виниче и мотоцикл со скоспски регистарски ознаки, управуван од А.Р. (49) од с.Сарај, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мототциклот, кој бил пренесен во Ургентен центарт при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.08.2018 година во 21.10 часот на крстосницата од ул. „Св.Јоаким Осоговски“ и мостот „Шанин мост“ на реката Крива Река во Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Х.С. (19) од с.Конопница, кривопаланечко и патничко возило „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (45) од с.Длабочица, кривопаланечко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ. (18)од Крива Паланка-сопатник во возилото што го управувал Х.С.. Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Крива Паланка, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.

На 16.08.2018 во 17.00 часот на автопатот Гостивар-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Тојота“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.И. (30) од Гостивар, патничко возило „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј. (21) од с.Чегране, гостиварско и патничко возило „Матиз“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (36) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Тојота“, додека сопатникот Т.М. од истото возило се здобил со телесни повреди. Тие со возило на итна медицинска помош биле пренесени во медицински центар Гостивар каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

На 16.08.2018 година околу 19.10 часот пред маркет на ул. „Лазо Трповски“ во Скопје поради нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала расправија помеѓу Б.Б. (23) и Р.Б. (20), двајцата од Скопје, од една страна и К.И. (51) од Скопје од друга страна. Во еден момент И.К. извадил пиштол, а Р.Б. се обидел да му го турне пиштолот од раката на К.И.. Притоа, К.И. почнал да пука кон Б.Б. и Р.Б., но тие успеале да побегнат и да останат неповредени. После тоа и К.И. го напуштил местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на К.И. и за целосно расчистување на случајот.

На 16.08.2018 година во 21.00 часот во СВР Битола, Б.М. (57) од Битола пријавил дека на 11.08.2018 година околу 22.30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка М.М. (32). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.08.2018 година во 14.15 часот во СВР Битола, М.Д. (29) од Битола пријавил дека на 15.08.2018 година околу 04.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.Д. (32), која со себе ја земала и нивната петгодишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.08.2018 година во 08.25 часот во Полициската станица Радовиш, граѓанин пријавил пријавил дека на место викано „Ќучук Ерик“, атар на Радовиш, забележал починато женско лице. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш, а од страна на лекар од Јавната здравствена установа Радовиш било констатирано дека на телото нема траги на насислство. Лицата Т.М. и С.М. од Радовиш извршиле препознавање на починатото лице и потврдиле дека се работи за нивната мајка Т.М., која на 11.08.2018 година во Полициската станица Радовиш била пријавена за исчезната.

Во текот на изминатиoт ден (16.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои пет со тешки телесни повреди, две со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и девет со лесни телесни повреди. 27 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 28 возачи бидејќи 19 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, пет биле возачи почетници и четворица го управувале возилото под дејство на алкохол. 14 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден издадени се 108 мандатни платни налози, додека исто така 53 возила се подигнати со “Пајак”.