На 20.08.2018 година околу 22.15 часот на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (41) од Скопје, удрило во четиригодишно девојче од Скопје. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
На 20.08. 2018 година во 09.30 часот на улицата „Партизанска“ во Кавадарци, патничко возило „Форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.С.(41) од Кавадарци, удрило во пешакот Р.П.(71) од Кавадарци. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесна повреда и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
На 20.08.2018 година околу 10.40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, пред сопствениот дом, со два куршуми од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан А.У. (54) од страна на зетот за ќерка, Б.С. (33) од с.Горно Седларце, тетовско. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 21.08.2018 година околу 04.30 часот во Полициската станица Струга, С. Н. пријавил дека на место викано „Славило“, над с.Локов, струшко, пронаjден е починат У.Е. (35) од Дебар, кој напасувал стока и најверојатно починал од удар на гром. Увид ќе се врши во текот на денот.
На 21.08.2018 година во 01.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Џ.Ф. пријавил дека на ул. „Мрежичка“ има пожар во нива кој се ширел кон куќите. Било констатирано дека била опожарена штала, сопственост на З.К. (53) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.
Во текот на изминатиoт ден (20.08.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 16 со лесни телесни повреди. 33 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 33 возачи бидејќи 15 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, седум биле возачи почетници и 11 го управувале возилото под дејство на алкохол. Девет возила се исклучени од сообраќај бидејќи 8 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, тројца непавилно престигнувале, четворица возачи не дале првенство на минување на возила и четворица не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 61 мандатни платни налози, додека исто така 57 возила се подигнати со “Пајак”.
Техничкото складирање или пристап се потребни за легитимни цели на овозможување на користење на посебни сервиси исклкучително побарани од претплатникот или корисникот, или за основна потреба на извршување комуникација преку електронска комуникациска мрежа.
Preferences
The technical storage or access is necessary for the legitimate purpose of storing preferences that are not requested by the subscriber or user.
Статистика
Техничко складирање или пристап што се користи исклучително за статистички цели.The technical storage or access that is used exclusively for anonymous statistical purposes. Without a subpoena, voluntary compliance on the part of your Internet Service Provider, or additional records from a third party, information stored or retrieved for this purpose alone cannot usually be used to identify you.
Маркетирање
Техничкото складирање или пристап се потребни за да се направат профили за праќање реклами, или корисникот да се следи на мрежното место или на повеќе мрежни места за слични маркетирачки цели.