/ Прочитано:

2.304

„Дневник“: Одземена лиценцата на „Мекдоналд“ во Македонија

Четврток, 16 мај 2013 – „По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналд“ вели Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналд Европа“, за денешното издание на „Дневник“.

Вчера со соопштение се огласи и „СЈ компани“, сопственикот на франшизата Мекдоналдс во Македонија.

„Како последица на околности кои се надвор од наша контрола, побарано е од нас да ја запреме работата на McDonald’s  рестораните на територијата на Македонија, од вторник, 14 мај, 2013 година.

Моментално бараме решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо.

За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonald’s корпорацијата, кои ќе ни овозможат да ја продолжиме нашата мисија и да ги услужуваме нашите верни потрошувачи во Македонија. Од 1997, кога се отвори првата франшиза на McDonald’s во Скопје инвестирани се шест милиони евра во востпоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на нашите потрошувачи. Жалиме за ваквиот прекин на работата и ќе ве информираме за напредокот во решавањето на проблемот, штом бидеме во можност.

Од 1997, кога се отвори првата франшиза на McDonald’s во Скопје, McDonald’s Македонија го направи овој глобален бренд достапен во оваа земја и денес обезбедува стабилно вработување за повеќе од 200 вработени. До денес, McDonald’s франшизата во Македонија, инвестираше 6,000,000€ во воспоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на нашите потрошувачи“, се вели во соопштението на „СЈ компани“.