/ Прочитано:

1.640

До Собранието доставен Предлог-закон за обезбедување надомест за уште 1.600 стечајци

Владата на РМ го усвои Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата за да се овозможи правото на материјално обезбедување да се оствари без разлика дали работниот однос склучен по користењето на паричниот надоместок по основ на невработеност бил на определено или на неопределено време и дали престанал по волја и вина на работникот. На овој начин, велат од Владата, ќе се овозможи материјално да бидат обезбедени дополнителни 1.600 невработени лица.