Доделени 132 решенија за судски преведувачи
Вторник, 11 септември 2012 – Министерот за правда Блерим Беџети денеска додели 132 решенија за судски преведувачи кои го положиле испитот со што ќе бидат поставени за постојани судски преведувачи во судовите во Република Македонија.
Реформите во судството на планот на обезбедување на правото на судски преведувач со извршените измени во законите и подзаконските акти, според ресорниот министер, придонеле да се добијат соодветно обучени и искусни преведувачи, кои ќе ја извршуваат својата работа на најпрофесионален и одговорен начин.
– „На овој начин Република Македонија ја подобрува состојбата за исполнување на критериумите на Европската унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како утврдена политика на Унијата“, посочи Беџети.