/ Прочитано:

3.913

Доделување на првите лиценци за обучувачи на медијатори   

Во просториите на Министерството за правда на Република Македонија, претседателот на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, проф. д-р Марко Андонов, им ги додели првите лиценци за обучувачи на медијатори на Роза Алексова, Јелисавета Георгиева-Јовевска, Зоран Вучев, Илија Манасиев и Славе Младеновски.

Во нашиот правен систем, беше истакнато на свечениот настан, постои законска регулатива која ја препознава медијацијата како начин на решавање на споровите надвор од судовите. Улогата на обучувачите е според акредитирани програми да ги спроведуваат обуките за сите оние кандидати што сметаат дека поседуваат лични особености и карактеристики да се занимаваат со вршење медијаторски работи.

Обучувачите се пред предизвикот за кандидатите кои ќе ги проследуваат обуките за медијатори да обезбедат креирање на личноста на медијаторот како непристрасна и неутрална личност што ќе поседува комуникациски вештини и техники преку кои ќе ги поттикне страните во спор по пат на преговори да го препознаат заемниот интерес за спогодбено решавање на спорот.

Улогата на медијаторот е да им помогне на спротивставените страни во спор да дојдат до компромисно решение, кое ќе ги содржи нивните заеднички интереси, потреби и нивните права.

М.В