/ Прочитано:

1.245

Доделување на уверенија на петтата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители

На свечената церемонија ќе присуствуваат претставници на правосудството во Република Македонија како и претставници на странски партнери со кои Академијата соработува.

Петтата генерација на кандидати за судии и јавни обвинители кои ја поминалае обуката во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе ги добијат уверенијата.

На церемонија ќе се обрати директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, а на присутните ќе им се обратат и Бранко Ушковски, претседател на Судскиот совет на Република Македонија и Петар Аневски, претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

На свечената церемонија ќе присуствуваат претставници на правосудството во Република Македонија како и претставници на странски партнери со кои Академијата соработува.