/ Прочитано:

1.307

Договор за соработка во областа на картографските карти помеѓу Република Македонија и Република Турција

Министерството за одбрана на Република Турција - Центар за картографски карти и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија потпишаа Договор за соработка.

Церемонијата се одржа во Центарот за картографски карти, на која генералниот командант, полковник Осман Алп, нагласи дека Турција е првата земја што ја призна Република Македонија под уставното име.

„Соработката помеѓу двете земји е зголемена, значајна и историска. Ние како Цeнтар за команда со картографски карти, со своето искуство околу 200 години, со задоволство ќе ги споделиме мислењата и ќе соработуваме во однос на географската положба, образованието, технолошките трансфери, советодавните и заедничките проекти. Би сакал да го истакнам своето задоволство за што побрза и поефикасна соработка“, истакна Алп.

„Овој договор е од големо значење за нас, бидејќи Центарот за картографски карти на Р Турција ја поддржува соработката меѓу двете земји преку посета на експертски тимови за развој на програмата, вклучувајќи и техничка соработка, одржување работилници за производство на картографски карти и одржување симпозиуми“, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Славче Трпески.

М.В