/ Прочитано:

3.187

Договор за вработување за работа од дома

Пандемијата на глобално ниво го актуализираше и прашањето за „работа од дома“. Според некои објавени податоци, како што е анкетата на „Југав“, секој петти сака да работи од дома наместо во канцеларија, односно во просториите на работодавачот.

Популарнонаречената „работа од дома“ како трудовоправен институт е предвидена и во македонското трудово законодавство, односно предвидена е можноста за склучување договор помеѓу работодавачот и работникот  за работа од дома.

Со членот 50 од Законот за работните односи се уредува прашањето за договорот за вработување со вршење на работа дома.

Како вршење на работа дома, се пропишува во членот 50,  се смета работа која работникот ја врши во својот дом или во простории по свој избор, кои се надвор од деловните простории на работодавачот.

Со договорот за вработување со вршење на работа дома работодавачот и работникот можат да се договорат работникот да ја врши работата којашто спаѓа во дејноста на работодавачот или која е потребна за извршување на дејноста на работодавачот дома.

Работодавачот е должен договорот за вработување за вршење на работа дома да му го достави на инспекторот на трудот, во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот.

„Правата, обврските и условите кои зависат од природата на работата дома, се уредуваат меѓу работодавачот и работникот со договорот за вработување.

Работникот има право на надомест за употребата на своите средства за работата дома. Висината на надоместокот ја определуваат работодавачот и работникот во договорот за вработување.

Работодавачот е должен да обезбеди безбедни услови за заштита при работа дома“, се вели во законската одредба.

Во ЗРО, исто така, се пропишува и дека инспекторот на трудот може на работодавачот да му го забрани организирањето на работа дома, ако работата дома е штетна за работниците кои работат дома, или за животната и работната средина каде што се врши работата. Со закон или друг пропис може да се определат работи кои не смеат да се вршат како работа дома.

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

М.В