/ Прочитано:

4.917

ДОГОВОРИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА – нова обука во организација на Академик

На 5.12.2019 година (четврток) Академик ќе одржи обука на тема Договори за ангажирање лица  – Примена на одредбите од Законот за работните односи, Законот за практикантство, Законот за облигационите односи, Законот за волонтерство, Законот за трансформација во редовен работен однос.

Предавачи на обуката ќе бидат Мирјанка Алексевска – раководител на Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика, и Маја Папатолевска – соработник во Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување во Министерството за труд и социјална политика.

Начинот на ангажирање лица во процесот на работа од страна на работодавачот е регулиран со повеќе законски прописи од областа на трудовото право. Законот за практикантство отвора бројни дилеми во поглед на начинот на примената, особено во однос на утврдувањето на максималното дозволено времетраење на практикантската работа; начинот за пресметка на надоместокот за практикантите; промените во бројот на ангажирани практиканти во зависност од бројот на вработени; условите за склучување и раскинување на договорите за практикантска работа.

Во исто време неопходно е работодавачите да прават разлика помеѓу различните видови договори за ангажирање лица и да внимаваат каков договор ќе склучат во која ситуација, како и кои се условите за дозволеност за склучување договор за вработување, договор за дело, за волонтирање или за приправнички стаж.

На обуката во организација на Академик ќе бидат опфатени сите овие облигаторни елементи од трудовото работење, а ќе биде заокружена со детален осврт на начинот на откажување на договорот за вработување, постапката за откажување на договорот, како и правата и обврските на двете договорни страни.

Агенда

СПЕЦИФИКИ ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРАКТИКАНТСТВО

  • Услови за ангажирање практиканти;
  • Начин на пресметување на вкупното времетраење на практикантската работа;
  • Значење на законски предвидениот период од 6 месеци за траење на практикантската работа – дали има рок за исполнување на овој период, дали тој се однесува на последователни месеци или на вкупниот број месеци на практикантство;
  • Специфики во определувањето на дозволениот максимален број на ангажирани практиканти;
  • Начин за пресметка на надоместокот за практикантска работа – специфични ситуации и случаи од практиката;
  • Обврски на работодавачот при ангажирање практиканти и придобивки;
  • Утврдување задачи на практикантот различни од редовните работни обврски кај работодавачот;
  • Склучување на договорот за практикантска работа и содржина на договорот;
  • Услови за раскинување на договорот за практикантска работа;
  • Задолжително водење систем за евиденција за практикантската работа;
  • Применливост на Правилникот за формата и содржината на потврдата за стекнати знаења, вештини и компетенции на практикантот, описот на практикантската работа и времетраењето на практикантската работа;
  • Предвидени глоби во случај на непочитување на Законот.

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НАСПРОТИ ДРУГИ ДОГОВОРИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА

  • Дефинирање на задолжителните елементи од содржината на договорот за вработување;
  • Дистинкција помеѓу различните видови на договори за ангажирање лица;
  • Предмет на договорот за дело – услови за негово склучување во согласност со Законот за облигациони односи, Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос;
  • Утврдување на видот на договорот врз основа на предметот на договорниот однос;
  • Можности и ограничувања за склучување договор за приправнички стаж;
  • Начин и услови за склучување договор за волонтирање во согласност со Законот за работните односи и Законот за волонтерство.

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  • Причини за откажување на договорите за вработување;
  • Уредување на постапката пред отказ преку прецизирање на причините за отказ и на содржината на предупредувањето, како задолжителен чекор во отказната постапка;
  • Прецизирање на критериумите за отказ од деловни причини и нивното значење;
  • Почитување на минимални рокови за подобрување на работењето од страна на работникот по изречено писмено предупредување;
  • Изедначување на роковите за застареност на отказот поради лични причини и на отказот поради причина на вина;
  • Мерки за заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини;
  • Висина на испратнина во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини.

Прашања, одговори и дискусија

Време и место на одржување на обуката: 5.12.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки „Академик“, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

„Академик“ слави јубилејни 10 години постоење и по тој повод во периодот од септември до декември 2019 година сите правни обуки ги добивате со 20% попуст за секој учесник.

Корисниците на „Академика“ добиваат посебна ексклузивна можност – за секој учесник пријавен по редовна цена, учество гратис (колку уплатени котизации, уште толку котизации гратис).

СПЕЦИЈАЛНИ РОДЕНДЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА ОБУКИ

– со уплатени 3 котизации по редовна цена, добивате 3 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 5 котизации по редовна цена, добивате 6 месеци гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик

– со уплатени 7 котизации по редовна цена, добивате 1 година гратис пристап за 1 конекција на „Академика“ на македонски јазик.

*Вкупниот број уплатени котизации може да се искористи за повеќе различни обуки.

Редовната цена за учество за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и закуска за време на паузите.

Сите заинтересирани може да се пријават за обуката преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката и за сите други можности и поволности по повод јубилејот може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

10 години Академик