Договорот за стабилност на еврозоната влегува во сила на 1 Јануари 2013
Понеделник, 31 декември 2012 – Договорот за стабилност, координација и управување во економската и монетарна унија ќе влезе во сила на 1 јануари 2013. Договорот има за цел зајакнување на фискалната дисциплина во еврозоната.
За договорот да стапи на сила, истиот мораше да биде ратификуван од 12 земји членки еврозоната кои ги прифатија “правилата за избалансиран буџет“ за да се може владите да го намалат масовниот дефицит, што предизвика голема криза.
Договорот ќе биде правно обврзувачки како меѓународен договор и со истиот се предвидени казни за сите, кои ги прекршиле правилата за ограничување на дефицитот и долговите.