/ Прочитано:

1.803

Доколку полицијата ги фати трујачите на животни може да заработат казна и до 5 години затвор

Среда, 12 февруари 2014 – Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ реагира на  како што велат, пасивноста на полицијата во случаи кога станува збор за труење на животни. Апелираат до полицијата да излезе на терен и да се повика на санкциите пропишани во Кривичниот законик, предизвикување на општа опасност и мачење на животни. Доколку се откријат сторителите на ваквите чести појави низ скопските улици, Кривичниот суд може да им досуди дури и до 5 години затвор.

Во однос на бројните реакции кои вчера пристигнале во Здружението за заштита на животните Анима Мунди, откако во Aвтокоманда, но и на територијата на општина Аеродром (по улица Владимир Комаров, како и во населбата Острово) масовно бил расфрлан отров од кој во тешка маки и агонија беа усмртени повеќе кучиња и едно маче, од Здружението ја потсетуваат полицијата дека постојат кривични санкции за вакви видови на дејствија. Во домашниот Кривичен законик, постојат кривични дела според кои лицата копи рафрлаат отров по скопските улици и паркови можат да бидат кривично гонети. Станува збор за мачење на животни, член во кој се наведува дека тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Или, пак, тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци. Другиот член е предизвикувањето на општа опасност каде е наведено дека тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општо опасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.