/ Прочитано:

879

Документ за дискусија – Национална стратегија за сајбер безбедност 2023-2026 објавен на ЕНЕР

Министерството за информатичко општество и администрација на ЕНЕР го објави Документот за дискусија – Национална стратегија за сајбер безбедност 2023-2026.

Целта на овој документ, како што се вели во краткиот опис во врска со документот, е да се отпочне со отворена дискусија и да се чујат ставовите на сите засегнати страни, со што ќе се придонесе да се постигне значителен напредок на полето на сајбер безбедност, а тоа ќе води и кон поголем просперитет на Република Северна Македонија на полето на сајбер безбедност. Сајбер безбедноста е важна за сите и затоа е важно да се чујат ставовите на малите, средните и големите бизниси, на индустриските тела, академијата, невладините организации, владините агенции, групи на заедницата и членови на јавноста.

Коментарите и мислењата може да се праќаат на https://ener.gov.mk/ или на е-адресата: cyber_security@mioa.gov.mk.