/ Прочитано:

897

Донација од турската влада за скопскиот Апелационен суд

Среда, 22 мај 2013 – По гостиварскиот Основен суд, денеска се поднови и Апелациониот суд во Скопје. Донацијата на турската владина Агенција за соработка и координација (ТИКА) се состои од 65 компјутери, 10 мрежни печатачи, 3 скенери и 10 диктафони.

За Претседателката на Апелациониот суд Љупка Арсениевска оваа донација значи поефикасно извршување на работата во судот.

Заменик-министерката за правда Биљана Бришкоска-Бошковски истакна дека ова е продолжение на досегашната соработка со ТИКА. Таа најави и интензивирање на реформите во судството се со цел постигнување поголема незавиност на судовите и зголемување на ефикасноста.

ТИКА ја поддржува Македонија од денот на независноста во различни области, истакна нејзиниот претставник Махмут Чевик. Вкупно 90 парчиња компјутери и техничка опрема донираше турската агенција денеска во Скопје и вчера во Готивар.

Претходно донација на комјутерска опрема доби и Основниот суд во Тетово.