/ Прочитано:

5.284

Донесен новиот Закон за јавните набавки

Со 57 гласа ‘за’, без гласови ‘против’ и без воздржани, Собранието го донесе новиот Закон за јавните набавки. Законот за јавните набавки ќе стапи на сила од април. Новиот Закон за јавните набавки е усогласен со законодавството на Европската Унија и ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки.

„Она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Примената на овој критериум може да вклучува три различни пристапи: само цената,  само трошокот или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Независно од тоа кој пристап се користи, при евалуација на понудите секогаш треба да се вклучи економски елемент. Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите од 2014, се отстрануваат и повеќекратните негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена. Сведоци сме дека послаб квалитет или трошоци за поправки ја чинат државата многу повеќе“, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, кога го образложуваше Законот во Собранието.

Тевдовски тогаш истакна дека претходниот Закон се базирал на директивите за јавни набавки на Европската Унија од 2004 година, а во меѓувреме биле донесени бројни измени и дополнувања што го оддалечиле од европското законодавство. Од таа причина, како што рече министерот, била потребна темелна и сеопфатна промена, во согласност со актуелните европски практики.

Тевдовски посочи и дека новиот Закон содржи решенија кои ќе ги заштитат правата на работниците кои учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби кои се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно  резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи.

Со новиот Закон се воведуваат и низа мерки кои ги подобруваат условите за вклученост на малите и средни претпријатија во јавните набавки. Со поголема застапеност на малите и средни претпријатија во јавните набавки, договорните органи ја прошируваат базата на потенцијални понудувачи и се зголемува конкуренцијата.

Со новиот Закон за јавните набавки се поедноставуваат постапките за јавни набавки со пониска вредност преку воведување на постапки за набавка како што се набавка од мала вредност, електронски пазар за мали јавни набавки и поедноставена отворена постапка.

Новиот Закон за јавните набавки предвидува и низа на антикорупциски правила и правила со кои ќе се спречи судирот на интереси при вршење на јавните набавки.

Министерот за финансии посочи дека со новиот Закон за јавните набавки ќе се подобри системот на јавните набавки во земјава, а нашето законодавство ќе се усогласи со законодавството на Европската Унија.

Една од клучните новини во Законот е концептот на одржливи јавни набавки, вели за Академик Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и долгогодишен експерт од областа на јавните набавки.

„Новиот Закон за јавните набавки е целосно усогласен со директивите на ЕУ од 2014 година и ги следи сите промени и трендови на ниво на ЕУ. Како држава, и до 2012 година бевме со високо ниво на усогласеност со директивите на ЕУ, меѓутоа со подоцнежните чести законски измени отстапивме од таа усогласеност. Меѓутоа, сега со новите решенија, кои се во собраниска процедура, повторно ја имаме усогласеноста со европската регулатива. Сепак, за самиот закон најважна ќе биде неговата имплементација и одењето на потешкиот дел – како ќе биде применет во практиката. Законот промовира концепт кој е многу развиен во западните земји. Имено, станува збор за одржливи јавни набавки, и токму затоа голем дел од законот го акцентира т.н. животен век на јавните набавки, односно промовира највисока вредност за вложените средства. Новите законски решенија имаат бројни иновативни концепти. Договорните органи ќе имаат можност да се определат за економски најповолната понуда или за најниската цена, но со акцент ставен на квалитетот, решение кое постоеше и во минатото“, образложува Каранфилов, кој на 31.1.2019 ќе биде предавач на обуката „Спроведување постапки за јавни набавки во согласност со новиот Закон за јавните набавки“, во организација на Академик.

Предлог-законот за јавните набавки на собраниска седница

Новиот Закон за јавните набавки го промовира концептот на одржливи јавни набавки – Кирил Каранфилов, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки

Министерството за финансии во врска со реформите и јавните финансии

Бирото за јавни набавки ќе врши контрола на ризиците од корупција при јавните набавки

Предлог-законот за јавните набавки пред Законодавно-правната комисија

Новините за јавните набавки образложени на комисиска расправа во Собранието на РМ

Новиот Закон за јавните набавки во собраниска процедура

Анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Многу ниска конкуренција на локалните тендери

Најниската цена, задоцнетото плаќање и обемната документација – проблеми за фирмите при јавните набавки

Намалување на бројот на предмети пред Државната комисија за жалби по јавни набавки

Дебата за Нацрт-законот за јавни набавки: Најавени транспарентни постапки, но и посебен закон за набавки од областа на одбраната и безбедноста

Правото на жалба и битните повреди на законот во Нацрт-законот за јавните набавки

Дел од решенијата предложени во Нацрт-законот за јавни набавки отвораат повеќе дилеми за градежниците

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА НОВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: „Новиот закон ќе го подобри квалитетот на јавните набавки“

ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ: Покрај најниската цена, да се вреднува и квалитетот

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Објавен е текстот на Предлог-законот за јавните набавки кој е во фаза на подготовка

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Во подготовка измени на Законот за јавните набавки

М.В