/ Прочитано:

1.524

Донесена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата не денешната седница ја донесе Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020 – 2024, со акциски план за нејзино спроведување.

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, е надлежна институција да донесе петгодишна Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со акциски план за нејзино спроведување. За остварување на оваа надлежност, ДКСК го координира целокупниот процес на изготвување на Стратегијата и акциониот план.

Државните институции во следните години треба да ја спроведат Стратегијата, која  е фокусирана на повеќе области и на ризик-фактори за корупција особено во делот на јавните набавки, транспарентноста на институциите, политичките влијанија, личниот интегритет, етичкото однесување, судството, инспекторатите, но и во делот на законодавството каде што постојат слабости и недоречености кои негативно се одразуваат во доследната борба против корупцијата.

Како што беше нагласено на денешниот настан, целта на Стратегијата е да обезбеди и подигнување на довербата на граѓаните во системот и вклученост на граѓанското општество и медиумите во борбата против корупцијата.  Воедно, нагласи претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, целта на Стратегијата е зголемување на нивото на политичка одговорност и независност на институциите.

Под корупција, во законска смисла, се подразбира злоупотреба на функцијата, на јавното овластување, на службената должност или положба за остварување на корист, директно или преку посредник, за себе или за друг.

Според антикорупциската регулатива, секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Уставот и со законите.

Исто така, секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно.

Секој има право на еднаков пристап кон вршењето на работи од јавен интерес и право на еднакво постапување од страна на носителите на власта и лицата кои вршат јавни овластувања и службени должности.

Вршењето на власта, функцијата, јавните овластувања, службената должност и работите од јавен интерес се јавни и подложни на јавна контрола.

Секој има право да пријави сомневање или сознание за корупција и да биде заштитен согласно со закон.

Антикорупциската комисија отвори предмет за Кочо Анѓушев

Тркалезна маса за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Работилница за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Прв квартален извештај од следењето на Антикорупциската комисија

Преку отчетни институции до ефикасна борба против корупцијата

Конференција „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“

Антикорупциската комисија бара преиспитување на регулативата за привилегиите на поранешните претседатели

Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија

Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Антикорупциска: Кога премиерот би се избрал за министер за финансии, би настанала повреда на законските одредби

Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи

Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари

Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна

Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување на корупцијата

Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди членовите и претседателот на Антикорупциската комисија

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

М.В