/ Прочитано:

1.994

Донесена ослободителна пресуда за случајот „Тревник“

Денеска во Кривичниот суд беше соопштена пресудата за случајот „Тревник“, во кој меѓу обвинетите се Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан. Пресудата за обвинетите е ослободителна. СЈО ги гони обвинетите за кривичното дело бесправно градење од член 244-а ст. 1 од Кривичнот законик.

Според судот, обвинетите започнале со градба на спорните објекти, но подоцна побарале дозволи, па нивните куќи биле легализирани според законската процедура за легализација на бесправно изградени објекти. Според судот, исто така, од суштествено значење е што претходно никоја од институциите не утврдила дека се работи за дивоградби. За Латас и неговите браќа се укинати и мерките за претпазливост.

СЈО: Завршен збор за предметот „Тревник“

М.В