/ Прочитано:

1.264

Донесена уредбата за финансиска поддршка на авиопревозници

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска одржа прес-конференција на која изјави дека Владата на Република Македонија ги донесе Уредбата за начинот и поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на авиокомпании и Програмата за определување средства потребни за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски авиопревозници за периодот 2019 – 2021 година.

Програмата ќе започне да се применува од 1 јануари 2019 година, а заклучно со 31 декември 2021 година.  По објавувањето на информацијата во Службен весник на РМ, ќе биде формирана Комисија за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка, која ќе го објави новиот јавен повик за доставување на барање за финансиска поддршка.

Јавниот повик ќе биде објавен во домашни и странски јавни гласила, како и на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски во најбрз можен рок.

М.В