/ Прочитано:

960

Донесени 6 пресуди во корист на работниците, се нотира во извештајот на ССМ

Во текот на 2018 година во Сојузот на синдикатите на Македонија се евидентирани  1.637 обраќања за заштита на правата од работен однос, а број на обраќањата во 2017 година изнесувал 1788.

Најголем број обраќања, велат од ССМ, се по основ на неисплатени плати, надоместоци и  неуплатени придонеси од плата, и тоа 840 обраќања; потоа права во стечајна постапка, со 343 обраќања, и синдикални права, со 221 обраќања.

Податоците говорат дека во текот на извештајниот период се поднесени 4 тужбени барања, водени сe 5 расправи и добиени се 6 пресуди. Покрај водењето на судските постапки голем број активности на ССМ се поврзани со превентивната заштита на работничките права, на којашто сè почесто инсистираат работниците во своите обраќања до Синдикатот. Во оваа смисла, дадени се 1.298 совети, изготвени се 147 мислења, 52 барања и 34 приговори.

Од ССМ додаваат дека во 2018 година немало обраќања на членови на ССМ по основ на вознемирување на работно место.

„Остварувањето на работничките права, како и досега се реализираше преку активности преземани од Oдделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање, регионалните синдикални претставништва и канцеларии и синдикатите“, посочуваат од ССМ.

М.В