/ Прочитано:

739

Донесени нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот

„Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.

Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид и хотелските ресторани за гостите кои се сместени во хотелите.

На седницата, беше донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор, доколку немаат важни и неопходни потреби.

Владата донесе и препорака за граѓаните да не се групираат во домовите по повод семејни прослави, слави или други собири во групи поголеми од четири лица, кои не живеат во иста заедница“, соопштуваат од Владата.