/ Прочитано:

1.003

Дополнетите предлози на законските измени за нотаријатот и за извршувањето на собраниска седница

На дневен ред на денешната собраниска седница се дополнетите предлози на законските измени за нотаријатот и за извршувањето.

Во дополнетите предлози на законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на Законот за нотаријатот, кои се во фаза на второ читање, се вградени амандманите усвоени од матичното работно тело на Собранието на Република Македонија, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на седниците одржани на 5 и 7 декември 2018 година, и од Законодавно-правната комисија на седницата одржана на  6 декември 2018 година. Дополнетите предлози може да се преземат на следниот линк.

„Со измените и дополнувањата на Законот за нотаријатот ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, содржински ќе се преуредат и допрецизираат законските одредби кои поради нивната недореченост во праксата оставаа простор за различно толкување“, се вели во предложените законски измени за нотаријатот. Дополнетиот предлог на измените на Законот за нотаријатот може да се преземе на следниот линк.

„Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување има за цел да ја олесни, поедностави, поевтини и зголеми  ефикасноста при остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а во правец на надградување на  системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите, почитувајќи го интегритетот на должникот“, се вели во предложените законски измени за извршувањето. Дополнетиот предлог на измените на Законот за извршување може да се преземе на следниот линк.

Законските измени за нотаријатот и извршувањето пред Законодавно-правната комисија

Второ читање на измените на законите за нотаријатот и извршувањето

Измените на законите за нотаријатот и за извршувањето пред  Комисијата за политички систем

Објаснување на измените на Законот за нотаријатот, кои се во собраниска процедура

Измените на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување пред пратениците

Симулација за намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред извршителите и нотарите

Владата ги прифати законските измени за намалување на трошоците за нотарите и за извршителите

АКРМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА:  Активно да бидеме вклучени во подготовката на измените на законите за нотаријатот и за извршување

За измените на Законот за нотаријатот ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите, вели министерката за правда

М.В