/ Прочитано:

759

Дополнителна јулска испитна сесија за полагање на правосудниот испит по нова програма

На предлог на Министерството за правда, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит за време на вонредна состојба.

„Оваа Уредба се однесува само за кандидатите кои веќе започнале да го полагаат правосудниот испит или ги исполнуваат законските услови согласно новиот Закон за правосудниот испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 190/19).

Со Уредбата се предвидува дополнителна јулска испитна сесија.

Кандидатот го пријавува учеството на дополнителната јулска испитна сесија од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 јуни 2020 година.

Кандидатот се информира за датумот, времето и местото на полагање на испитот најмалку пет дена пред одржувањето на испитот преку веб страницата на Министерството за правда. Во рок од три дена по завршување на пријавувањето ќе биде објавен список на лица кои ги исполнуваат и не ги исполнуваат условите за полагање на испитот.

Кандидатите кои го имаат пријавено полагањето на правосудниот испит во априлска испитна сесија 2020 година (по нова програма), треба да испратат известување во електронска форма до комисијата за оценување на исполнетоста за полагање на правосудниот испит, со цел да го потврдат или откажат полагањето во дополнителната јулска испитна сесија“, соопштуваат од Министерствто за правда.

М.В