Доставена иницијатива за референдум во врска со дигитализацијата на учебниците
Денеска Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ до Собранието достави предлог за граѓанска иницијатива за распишување на референдум.
Во согласност со Уставот и законите, изјавија денеска од Иницијативата, ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за поддршка на иницијативата за распишување на референдумот. Родителите бараат можност за референдумско изјаснување во врска со најавениот процес на дигитализација во образованието, односно изјаснување на граѓаните околу Предлог-законот за дигитализирање на учебниците во основните и средните училиштата.
„Досега за овој предлог во Скопје се собраа околу 600 потписи, а потребни се 10.000 за распишување референдум. Имаме голема поддршка и од останатите градови. Ако во рок од три дена од Собранието не добиеме одговор, ќе сметаме дека нашиот предлог е прифатен и ќе продолжиме со собирање потписи. Очекуваме работна средба на актуелната тема со претседателот на Собранието и со неговите советници за образование. Доколку не бидеме соодветно примени на работната средба, продолжуваме со мирни протести и мирни маршови низ сите градови во државата“, рече Драгана Спасевска, претставник на Иницијативата.
Според прописите, граѓанската иницијатива е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето преку покренување на иницијативи пред Собранието на Република Македонија, пред советите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје.
Граѓанска иницијатива може да се покрене за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, предлагање за донесување на закон и за распишување на референдум на државно ниво (граѓанска иницијатива на државно ниво).
Граѓански организации поддржуваат учебници без дискриминација
Најавени референдум и протести против новиот Закон за учебници
Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес
МОН со ново соопштение за Законот за учебници
Утврден текстот на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали
Законот за учебници вратен на дополнување
Што се предвидува во новиот Закон за учебници, кој е во собраниска процедура
МОН во врска со новиот Закон за учебници чија цел е дигитализација на учебниците
МОН подготвува нов Закон за учебници
МОН: Во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници
М.В