/Прочитано:

754

Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин

Kaзнa доживотен затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи што се случи кај Природно-математичкиот факултет во Скопје во ноември 2008 година.

osnoven-sud-skopje-1-krivicen-sud-e1400166548658.jpg

„Ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, надлежниот судечки совет му одреди казна доживотен затвор и го прифати предлогот на јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор до правосилност на пресудата или до започнување на издржување на казната“,  соопштуваат од Кривичниот суд.

Претходно на Дрпљанин му беше судено во отсуство, но по неговото апсење по екстрадицијата од Косово во 2012 година, предметот повторно беше вратен во суд.

Во нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Арифи, беа тешко повредени и двајца негови колеги,  припадници на мобилната единица „Алфа“.