/ Прочитано:

826

Зголемени случаите на сексуално насилство во кои се вовлечени американски војници

Среда, 7 мај 2013 – Случаите на сексуално насилство, во кои се вовлечени американски војници драстично се зголемени во текот на 2012 година, пренесоа светските агенции.

Според податоци на Министерството за одбрана, соопштенијата за случаи на сексуално насилство во кои учествувал најмалку еден војник во 2012 година се зголемиле за шест проценти, односно имало 3.374 случаи наспроти 3.192 во 2011 година.

Според анонимно истражување, меѓу војниците проблемот, меѓутоа, можеби е многу потежок заради инцидентите за кои не се соопштува.

Според проценки, 26.000 војници имале несакани сексуални контакти, што е зголемување за 36 проценти наспроти 19.000 во 2010 година, посочува ДПА.

Во 2006 година, меѓутоа, анонимното истражување покажа 34.200 вакви случаи.

Претседателот Барак Обама повика „ да се направи се што е можно за искоренување на ова насилство“.

Министерството за одбрана соопшти дека ќе се заложи да се направи независна проценка колку вакви престапи се извршуваат во армијата.

Министерството издаде и нови укажувања за борба со сексуалните злоупотреби преку поттикнување на превенцијата, истражувањето, одговорноста, заштитата и проценките.