Друштвото „ПРОПИСИ ЛТД“ со јавно извинување до АКАДЕМИК поради неовластено користење на содржината од неговата платформа
Имено, во текот на работењето, на страницата се објавувани закони кои во целост или делумно се преземени од страницата www.akademika.com.mk без согласност и без одобрение од сопственикот на платформата, велат од „ПРОПИСИ ЛТД“ во известувањето.
Друштвото „ПРОПИСИ ЛТД“ упати јавно извинување до Друштвото „АКАДЕМИК“ ДООЕЛ Скопје и до Георги Димитров, сопственик на платформата www.akademika.com.mk, бидејќи, како што се наведува во известувањето, неовластено ја користеле содржината на платформата www.akademika.com.mk за пречистени текстови на важечки закони и ја објавувале на нивната веб-страница www.propisi.com.mk.
Имено, во текот на работењето, на страницата се објавувани закони кои во целост или делумно се преземени од страницата www.akademika.com.mk без согласност и без одобрение од сопственикот на платформата, велат од „ПРОПИСИ ЛТД“ во известувањето.
„На овој начин, испраќаме јавно извинување до Друштвото „АКАДЕМИК“ ДООЕЛ Скопје, како и до лицето Георги Димитров, сопственик на платформата www.akademika.com.mk и јавно ветуваме дека во иднина Друштвото „ПРОПИСИ ЛТД“ нема ниту на веб-страницата www.propisi.com.mk ниту на која било друга платформа да објавува содржини преземени од www.akademika.com.mk без претходно обезбедена писмена согласност од страна на сопственикот“, се наведува во нивниот допис до „АКАДЕМИК“ ДООЕЛ.
Од „ПРОПИСИ ЛТД“ наведуваат дека целиот дел кој бил наменет за објавување на пречистени текстови на важечки закони е повлечен од нивната веб-страница.