/ Прочитано:

995

Дрвјата во Центар исечени во текот на ноќта — центарци вчера најавија и судска битка

Петок, 26 април 2013 – Со асистенција на полицијата во текот на ноќта, поточно во 3.30 часот по полноќ беа исечени планираниот број на дрва во близината на „Бристол“ каде владата планира да изгради зграда за „ЕЛЕМ“ и катна гаража.

Акцијата следуваше по вчерашните протести на жителите од околните згради кои најпрво со жив штит оневозможија натамошно сечење на дрвата, а попладнето ги урнаа тарабите поставени заради градежни работи, а најавија борба преку правна процедура.

Во одбрана на станарите застана и здружението „Плоштад Слобода“, а беше поднесена и иницијатива до Советот на Центар за измена на планот за Големиот ринг, односно бришење на маркичките за градење и за пренамена во паркови. Точката, како што им ветил новиот градоначалник Андреј Жерновски, ќе се најде на дневен ред на наредната седница.

Жерновски вчера и официјално седна во градоначалничката фотелја и нареди стопирање на сите градби поврзани со проектот „Скопје 2014“, се’ до утврдување на фактичката состојба, како што укажа вчера, ќе следува и целосна ревизија.