/ Прочитано:

1.105

Државен завод за статистика: Нето-платата во декември 2012 година поголема за 0,4 % за разлика од декември 2011

Среда, 27 февруари 2013 – Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата за месец декември 2012 година изнесува 31.466 денари и е за 0,4% поголема во споредба со декември 2011 година. Износот на нето-платата е 21.469 денари или за 0,3% повеќе во однос на истиот месец од 2011 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година е поголем од 0,4%. Ваквото зголемување се должи поради зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите информации и комуникации (4.4%), земјоделство, шумарство и рибарство (4.2%) и дејности на здравствена и социјална заштита (3.4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:

  • информации и комуникации (41.9%):
  • трговија на големo и трговија на мало;
  • поправка на моторни возила и мотоцикли (8.1%):
  • и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.6%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2012 изнесува 31.466 денари. Во декември 2012 година, 2.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.