/ Прочитано:

4.681

Државната изборна комисија објави едукативни прирачници за изборите

„Демократијата и владеењето на правото се клучни за почитувањето на сите човекови права и фундаментални слободи. Токму затоа е и заложбата на Државната изборна комисија за почитување на идеалите за демократија и политички плурализам, како и решеноста за градење демократско општество врз основа на слободни избори и владеење на правото. Само избори кои имаат кредибилитет и ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење придонесуваат за демократски развој на општеството. Државната изборна комисија со успешно спроведување на изборите го поставува фундаментот на демократијата и придонесува за зголемена доверба во изборниот систем“, се вели во едукативниот прирачник, кој може да се преземе на следниот линк.

Покрај едукативниот прирачник, Државната изборна комисија објави и едукативно видео во врска со изборите:

М.В