/ Прочитано:

2.178

Државната награда за човекови права „Мето Јовановски“ за прв пат ќе биде доделена на Меѓународниот ден на човековите права

Владата го разгледа новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди за да се обезбедат средства за доделување на државната награда за човекови права „Мето Јовановски“, која за прв пат ќе биде доделена оваа година, на Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември.

Мето Јовановски (1928 – 2016) е македонски писател, прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа и негов почесен претседател.

Инаку, во земјава, во согласност со Законот, се доделуваат државни награди со кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката култура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, публицистиката и новинарството.

Во подготовка законските измени за државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“

Законски измени за воведување на нова државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“

М.В